Гутереш води и во петтата рунда гласање за генерален секретар на ОН, Јеремиќ втор …

од desk3

По петтата рунда гласање за нов генерален секретар на ОН во СБ, на првото место и понатаму е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш.

На второ место е кандидатот на Србија, Вук Јеремиќ, јави Танјуг.

download-1

Гутереш доби 12 позитивни, два негативни и еден неодреден глас, а Јеремиќ – осум позитивни, шест негативни и еден неодреден глас.

Министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак во петтата рунда доби осум позитивни, седум негативни гласови додека аргентинската министерка за надворешни работи Сузана Малкора освои седум позитивни, седум негативни и еден неодреден глас. Претходната рунда беше одржана на 9 септември.

Слични содржини