Гвардиола е првиот Шпанец кој ја освоил Премиер Лигата

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е првиот шпански тренер во историјата на Премиер лигата, кој станува шампион на Англија со својот тим.

Оваа сезона со клубот тој исто така го освои Лига Купот на земјата. Како што е познато, вчера Манчестер Сити по петти пат стана шампион на Англија. Ова се случи по неочекуваниот пораз на Манчестер Јунајтед со 1:0 дома против загрозениот од испаѓање Вест Бромвич во дуел од 34-тото коло.

„Небесносините“ имаат 87 поени на првата позиција и се недостижни за „црвените ѓаволи“, кои се со 16 поени помалку, а двата тима треба да одиграат уште пет дуели до крајот на шампионатот. Ова е прва титула на Сити од 2014 година. 47-годишниот Гвардиола е шеф на Манчестер Сити од 2016 година.

Каталонецот ја започна тренерската кариера пред девет години во Барселона, тоа е неговата седма титула и вкупно 23-ти трофеј во неговата лична витрина. Тој има три титули со Барселона и Баерн Минхен.

Слични содржини