Гвардиола подготвува нови 200 милиони за селекција

од Vladimir Zorba

Раководството на англискиот шампион Манчестер Сити ќе одвои 200 милиони фунти за трансфери во текот на летото, пренесува „Мирор“. Според изданието, менаџерот Пеп Гвардиола сака да привлече централен дефанзивец, потпорен играч и напаѓач.

Раководството на тимот сака успех во Лигата на шампионите, не само на национално ниво.

Оваа сезона под водство на Гвардиола, Сити предвремено ја освои титулата во Англија на пет кола пред крајот на сезоната, го освои Лига Купот, но отпадна во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако загуби со вкупен резултат 1:5 од Ливерпул.

Во медиумите веќе се појавија информации дека Манчестер Сити има интерес за играчи како Тома Лемар (Монако), Фред (Шахтјор), Жоржињо (Наполи), Жан Микаел Сери (Ница), Јулијан Вајгл (Борусија Дортмунд), Риад Марез (Лестер) и Тоби Алдерварелд (Тотенхем).

Слични содржини