Гвинет Палтроу објави прирачник за анален секс

од Vladimir Zorba

Гвинет Палтроу споделува вредни совети за здрав начин на живот, исхрана, диети, начин на облекување и трикови за убавина во својот сајт goop.com.

Но, она што ѕвездата немаше споделено, беа препораки за аналниот секс. Па, веќе и тоа го има на нејзиниот сајт. Фановите на актерката и нејзините верни читатели останаа воодушевени кога видоа објавена во сајтот статија со упатства како да правиме анален секс.

Во четвртокот во сајтот на Палтроу излезе секс прирачник во кој има цела глава посветена на прашања и одговори во врска со аналниот секс. Нејзин автор е психологот Пол Џоанидес кој разобличува голем дел од митовите за оваа зачинета тема.

Во написот се дискутираат и доста важни прашања за безбедноста при аналниот секс, хигиената и како да се постигне задоволство без непријатни моменти.

Според психологот, најголемите митови се раѓаат од порнофилмови.

” Треба да разбирете дека начинот на кој гледате на аналниот секс во порнофилмовите е толку реален колку и начинот на кој се возат автомобили во” Брзи и бесни “, објаснува д-р Пол.
“Тие не покажуваат комуникација, однос, доверба. Паровите кои немаат прекрасна комуникација едни со други, кои не зборуваат слободно за чувствата за тоа што е добро а што не, и кои немаат висок степен на доверба меѓу себе, не смеат да прават анален секс. ”

Друг мит кој психологот го разоткри е дека сите луѓе прават анален секс. Во реалноста помеѓу 10 и 15% од хетеросексуалците парови прават анален секс.

Докторот препорачува за парови кои допрва ќе прават анален секс, прво да ја истражуваат темата, да прочитаат информации и да се подготват.

Слични содржини