Гвинет Палтроу отвори во Лос Анџелес филијала на лондонскиот клуб Arts Club, соопштува The New York Post.e47fc90dbe99c92ed773276dea20e50e

Новата установа ќе биде место кадешто ќе можат да се забавуваат холивудските личности.

Во 9-катната зграда ќе има отворен базен, тераса на последниот кат, а на првиот – уметничка галерија и продавници. Таму ќе има и неколку ресторани, фитнес клубови и кино сали.

Влезната сума ќе е 2000 долари, толку ќе биде членството на година. Клубот ќе е со дрескод и кодекс на однесување. Веќе стана јасно уште дека гостите ќе треба да се воздржат од непристојни фрази.

43-годишната Гвинет е носителка на “Оскар”, “Златен глобус” и “Еми”. Исто е сопственичка на продавници Goop во Њујорк и има истоимен сајт каде што објавува вести за здрав начин на живот.

Деновиве таа призна дека не секогаш ги почитува советите кои ги дава насвоите клиенти.

Слични содржини