Хајди Клум и способноста да се рекламира себеси – секси во костими за капење!

од desk4

Хем убави, хем креативни – на оваа група и се придружи пред некое време Хајди Клум, која лансираше сопствената марка за костими за капење и долна облека.

Новата сезонa иде со нова колекција и време е блондинката да покаже во каква одлична фигура е во сопствените модели.

Новата рекламна кампања за Хајди Клум е снимена во Санта Моника, Калифорнија и е тематски поврзана со морето.

Зад обективот застанува Франческо Кароцини, млад и талентиран фотограф, кој е син на Франка Соцани – главен уредник на италијанското издание на Vogue и L’Uomo Vogue.

Според германскиот модел, модните тенденции во костими за капење се карактеризираат со принтови, контрастни цветни комбинации и, се разбира со цели модели.

Сите кадри од сексуалната рекламна кампања можете да ја видите во нашата галерија.

 

Слични содржини