Специјалниот германски прретставник, Јоханес Хајндл на пладне пристигна во Скопје. НА аеродромот го пречека германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер.

Во 15 часот, Хајндл ќе оствари средба со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Министерството за надворешни работи.

hajndl(2)

Хајндл утре ќе се сретне со претставници на политичките парти.

Хајндл ќе има средби и со амбасадорот на САД Џес Бејли и со другите амбасадори од земјите на ЕУ.

Големи се очекувањата дека од денеска почнува посериозен притисок и нсстапи на меѓународната заедница за излез од политчката криза во коа се повеќе запаѓа Македонија.

Германија вообичаено не функционира по принципот на таканаречена болдожер дипломатија – вели универзитетскиот професор и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески. Според него, фактот што уште една голема сила се вклучува во преговорите создава подобри изгледи за придвижување на процесоти излез со конкретни решенија.

Во меѓувреме пак, лидерот на Движењето за Реформи ДПА- Зијадин Села, му пиша на Хајндл и бара да се вклучи и албанската опозиција во преговорите.

zijadin-sela
„Во врска со Изборниот закон, сметаме дека на Македонија задолжително и треба промени во изборниот модел, со цел зголемување на нивото на демократија и кфалитетно застапување. Во функција на ова, ние како ДР-ДПА бараме сериозно да се разгледуваат следните точки: редуцирање на изборните единици од 6 во една единствена изборна единица, со цел секој глас да биде вреднуван, отворени избирачки списоци, реформатирање на ДИК со професионалци и непартиски представници, разгледување на 330.000 сомнителни гласачи и нивно бришење, нов закон за медиуми и разрешување на сегашните избирачки совети во гласачки места и именување на нови совети како и ставање пред одговорноста на оние кои биле учесници во фалцификувањето на легитимитетот на предходните изборни циклуси”-пишува Села

Слични содржини