Тој ќе се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

На Хајндл ова ќе му биде трета посета на Македонија за нешто повеќе од еден месец. При последната посета, на 19 мај, тој побара да се обезбеди непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, а сите осомничени од аферата со прислушувањето да одговараат.

Тој нагласи дека сите политички партии треба да вложат напор за да ги спроведат потребните реформи затоа што нема многу време.

Јоханес Хајндл е роден во 1956 година во Минхен. Тој бил новинар, дипломат, а од јули 2015 година е амбасадор на Германија во Австрија.

Хајндл помеѓу 2001 и 2004 година бил шеф на одделот за Западен Балкан, а потоа до 2006 година бил претставник за Југоисточна Европа и за Турција во Министерството за надворешни работи, пред да биде назначен за заменик шеф на Мисијата во САД од 2009 година.

Од 3 септември 2009 година до 2011 година тој бил амбасадор во Чешка, а од јули 2015 година е германски амбасадор во Австрија.