Хакери го нападнаа Apple

од Vladimir Zorba

Милиони профили на корисници на услугата iCloud на Apple најверојатно се пробиени. Околу овој заклучок се здружуваат повеќе специјалисти и специјализирани технолошки изданија, иако Apple  го негира сето тоа.

Во средината на неделава се појавија првите информации дека околу 250 милиони профили во iCloud биле пробиени. Првично сепак немаше многу детали и докази дека тоа е така. Сепак се тврдеше дека хакерите немале за цел да ги објавуваат податоците, атуку  ги користат за да  го уценуваат Apple и  за да бараат откуп од компанијата за нив. Ако не го направат , тогаш ќе ги објавуваат податоци. Онлајн изданието ZDNet објави дека хакерската  група се нарекува  Turkish Crime Family. Таа најавила  дека не само што ќе  ги објавува податоците, туку дека  ќе ги користи за да ги избрише датотеките на корисниците и ќе им ги смени лозинки, а дека  Apple има рок до 7-ми април годинава,  да плати 75 000 долари во форма на Bitcoin или 100 000 како ваучери за iTunes.

ЗА  онлајн изданието CNET Apple најави дека не се пробиени рофилите на корисниците и дека тие не се компромитирани. Компанијата изјави дека податоците доаѓаат од други услуги на трети фирми, кои биле пробиени пред време.Самите хакери исто така, велат дека не зеле податоци директно од Apple. Тука почнуваат и разликите на двете страни. Хакери велат дека лозинките и кориснички имиња стануваат и за iCloud, додека Apple не смета дека постои опасност.

Хакерите му  дале на ZDNet дел од податоците за да се направи проверка. Изданието вели дека од добиените 54 профили, сите биле валидни. Сепак, не сите профили се користат активно од корисниците, а некои воопшто. Други, пак, не ги исполниле барањата. 10 лица потврдиле дека профилите се нивни и ги користат и во моментов.

Весникот посочува дека хакерската  група изгледа хаотична и лошо организирана. Не е јасно дали таа навистина има податоците на 250 милиони профили, но сигурно има некои податоци . Препорачливо е Корисниците кои имаат профили во iCloud да  си ги сменат сменат лозинките и користат само една лозинка за секоја сметка. Apple додава дека го следи развојот на ситуацијата и  и помага  на полицијата да се лоцираат хакерите.

Слични содржини