Халиловиќ: Ако РС сака да се отцепи ќе има војна

од Vladimir Zorba

timthumb-5

Пензиониран генерал и поранешен началнил на армијата на Босна и Херцеговина, Сефер Халиловиќ изјави дека ако биде спроведен референдум во Република Српска истата ќе исчезне и тоа ќе значи крај на Дејтонскиот договор и стапување во сила на Уставот на БиХ.

– Никого не заплашуваме, но и никому нема да дозволиме да однесе дел од БиХ без последици, посочи Халиловиќ.

Тој посочи дека по референдумот дејтонскиот Устав нема да важи и тогаш во сила ќе стапи Уставот на БиХ.

Халиловиќ истакна дека РС при евентуален судит би можела да се одржи најмногу 10 до 15 денови. Тој додаде и дека и на едната и на другата страна има доволно луѓе подготвени да војуваат.

– И затоа апелирам добро да се размисли. Бидејќи Милошевиќ почина, ЈНА не постои, не постојат илјадници тенкови, илјадници транспортери… Не може Србија да и помогне на РС. Нема да дозволиме некој да ни отцепи половина држава, посочи Халиловиќ.

Слични содржини