Халими Аден – првиот модел кој носи хиџаб

од Vladimir Zorba

 

Американците се заљубени во Халими Аден – првиот модел кој носи хиджаб секогаш. Убавицата неодамна потпиша договор со најголемата модна агенција IMG и веќе добива ѓи топ ангажименти.

Пред неколку дена таа учествуваше во модна ревија на Каине Вест – Yeezy! 5 во рамките на модната недела во Њујорк.

Муслиманската убавица очигледно ќе го менува лицето на модата. Според многу луѓе таа е посекси од Бела и Џиџи Адид земени заедно.

За неа се знае дека има 19 години и дека живее во Минесота, иако е родена во бегалски камп во Кенија и таму живеела до 6-годишна возраст.

Убавицата со нејзините преубави усни направи сензација кога се појави на натпреварот “Мис Минесота САД” со својот хиджаб. Наместо бикини, таа носеше Буркина.

Слични содржини