Корисничкиот интерфејс на iOS никогаш не бил совршен за работење со една рака, а особено голем проблем претставува копчето за враќање назад.

halo_back_for_iphone_6_plus_t

 

 

До пред неколку генерации, истото беше поставено на различни места во различни апликации и новите корисници буквално го бараа низ екранот, а сега пак е поставено во горниот лев дел и е многу тешко да се стигне со десната рака (иако има уште голем број апликации кои се уште го немаат стандардизирано).

 

Решението за сите оние кои имаат проблем со веројатно најкористеното софтверско копче кај iPhone е посебна заштитна фолија за екранот, која вклучува “back” копче лево до “Home” копчето, исто како Android телефоните.

Копчето е капацитивно, што значи дека ќе работи и на најлесниот допир со прстот, а ќе ја има истата функција на копчето за враќање назад и ќе работи низ целиот оперативен систем и во сите апликации каде копчето за назад е поставено во горниот лев дел. Ова значи дека заштитната фолија само го пренасочува допирот на тоа место и нема да работи со апликации каде “back” копчето е поставено на друг дел на екранот и може да активира и некоја друга функција.

Нормално, покрај тоа што ја има функцијата да го замени “back” копчето, Halo back ќе го штити и екранот од гребаници, прилично успешно, бидејќи е изработен од стакло, за разлика од евтините протектори, кои се само тенка најлонска фолија.

Засега Halo back е Kickstarter проект и истиот би требал да пристигне на пазарот во Август. Сите оние кои ќе го поддржат проектот сега, можат да го имаат производот за само 17 долари, додека откако ќе биде лансиран, цената ќе му биде 49 долари. Секако, бидејќи се работи за Kickstarter, не е 100% сигурно дека оние што ќе вложат сега, вистински ќе го добијат уредот. Halo back e достапен за iPhone 6 и 6 Plus.

Слични содржини