Хамас и Фатах постигнаа договор

од desk2

Главниот лидер на палестинското исламско движење Хамас изјави дека постигнале договор со претседателот на ривалското движење Фатах за контролата на Појасот Газа.

Лидерот на Хамас, Исмаил Хани, најави дека детали од договорот ќе бидат објавени денеска во Каиро.

Хамас раководи со Појасот Газа повеќе од една деценија откако на сила ја презеде контролата од силите лојални на умереното и секуларно движење Фатах. Тоа доведе до парализирање и до територијални и политички поделби меѓу Палестинците. Абас владееше во автономните енклави на Западниот Брег, кои се под окупација на Израел.

Претставниците на Хамас и на Фатах два дена преговараа во Каиро за враќање на палестинската управа на Абас во Газа.
Претходната недела во градот Газа се одржа седница на палестинската влада, на која присуствуваше премиерот Рами Хамдалах, прва од 2014 година. Сите досегашни обиди за помирување на двете најголеми палестински фракции од 2007 години не дадоа резултат.

Камен на сопнување е контролата над арсеналот на оружјето на военото крило на Хамас, кое трипати војуваше против Израел, а спорна е и судбината на јавните службеници на Хамас./Мета

 

Слични содржини