Хамилтон победи за ГН на Велика Британија

од desk2

Возачот на Мерцедес Луис Хамолтон, победи на трката во Формула еден за Големата награда на Велика Британија.


Трката ја почна од водечката позиција, а немаше проблеми до крајот и како прв ја помина целната линија.
Кими Риконен ја почна трката од првиот ред, и требаше да биде второпласиран, но на крајот Финецот ги дупна гумите и имаше уште едно влегување во бокс, што беше подарок за Ботас, кој пак почна како деветтопласиран.

Меѓутоа, тој одма на почетокот дојде до петтата позиција, а во клучната фаза успеа да заврши пред Макс Верстапен и двајцата возачи на ферари.

Себастијан Фетел го дочека несреќа на претпоследниот круг кога му се случи исто така дупење на гумите, па поради тоа падна на седмо место.

Слични содржини