Трикратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон претстојниов викенд ќе вози на Големата награда на Бразил на патеката „Интерлагос“, иако не се чувствува најдобро, односно има температура._79213341_lewiskiss

Неговиот тим „Мерцедес“ објави дека тој го одложил патувањето за Бразил и дека таму ќе пристигне дури во четврток, еден ден пред првиот тренинг.

Хамилтон никогаш не победил на „Интерлагос“ во Бразил, а сезонава тој веќе ја освои титулата, откако заврши втор во Остин на три трки пред крајот на шампионатот.

Гранд при викендот на „Интерлагос“ почнува в петок во 13 часот со првиот тренинг, сабота од 14 часот е квалификациската трка, а недела во 17 започнува главната трка за Големата награда на Бразил.

Слични содржини