Хан: Ако ЕУ го напушти Балканот, друг ќе го пополни вукумот, и веќе го прави тоа!

од Vladimir Zorba

Ако Европската унија  продолжува да се двоуми за својот однос спрема Балканот, некој друг ќе се ангажира во регионот. Ова го изјави за време на предавањето во Универзитетот Принстон во САД, комесарот за проширување Јоханес Хан.

“Како што ни е познато политиката мрази вакум. Ако се колебаме во односот кон Балканот, некој друг може да се вклучи и овој некој веќе се обидува тоа да го направи”, рече Кан. Според него проширувањето на ЕУ, со почитување на сите услови и исполнување на критериумите, е најдобра политика во областа на безбедноста, која некогаш ја водела ЕУ, но тука не станува збор за бесплатен ручек. “Само локалните водачи можат да ги исполнат работите и да ги достават на своите граѓани. Тие треба да ја преземат одговорноста и  надградба на веќе постигнатото”, истакна Хан и додаде: Треба да видиме политичка волја, а не политички игри, вистински реформи, не само на хартија, и особено во клучните области како правда и конкурентност. Ова може да ги загрози одделни личности, но стратешки, нема алтернатива и нивните граѓани го  сфаќаат тоа “, рече комесарот за проширување на ЕУ.

Според него, во регионот на Западен Балкан важно е да се одржи кредибилна и цврста европска перспектива на пристапување на ЕУ за да има потпора за стратешка стабилност и реформи, истакнувајќи дека мигрантската криза покажала дека регионот е веќе енклава внатре во ЕУ.

– Потребно е да спроведат вистински реформи на терен, посебно во областите на владеењето на правото и конкурентноста што може да ги загрози деловните модели на поединци, но стратешки не постои алтернатива и граѓаните тоа го знаат. Замислете каде би била сега Полска или балтичките земји да не беше проширувањето во деведесеттите години на минатиот век, изјави Хан, истакнувајќи дека само локалните лидери можат да ја завршат работата околу исполнувањето на критериумите за проширување.

ЕУ не е најдобар играч во градот, но сите треба да бидат подготвени да играат. Треба да бидеме подобри и посилни во користењето на нашата моќ за привлекување. Не треба да се релаксира и да си вообразуваат дека се е решено, рече Јоханес Хан за време на предавањето во Универзитетот Принстон во САД

Слични содржини