Европскиот комесар за соседска политика и преговори за придружување Јоханес Хан денеска ги отфрли тврдењата на приштинските политички лидери дека причината за бранот на илегална имиграција од Косово е рестриктивниот визен режим.

– Воопшто не го делам мислењето дека луѓето заминуваат од Косово поради визите, изјави Хан на прес-кофреренција во Брисел по повод неговите посети на Скопје, Приштина и на Киев.

Тој додаде дека луѓето заминуваат од Косово поради тешката економска ситуација и недостигот на перспектива.

Хан посочи дека решението за таквата ситуација треба да се бара во подобрување на економските можности преку создавање на поволна клима за странските инвеститори и сузбивање на корупцијата, потсетувајќи дека ЕУ одделила 660 милиони евра за економскиот развој на Косово во следните пет години.

– Задоволен сум со мерките кои ги презема косовската Влада и се чини дека тие веќе почнаа да даваат резултати, истајкна Хан.

Косовскиот премиер Иса Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи претходно изјавија дека причината за масовните преселби е поради тоа што граѓаните на Косово се единствени во регионот кои не можат да патуваат во шенген зоната без визи.

Слични содржини