Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оцени дека ситуацијата во земјите од Западен Балкан и натаму е кревка и трајно решение е можно само во меѓународните рамки, односно внатре во ЕУ.

Ситуацијата во земјите од Западен Балкан и понатаму е кревка и трајно решение е можно само во меѓународните рамки, односно во ЕУ, оцени еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, во интервју за виенскиот весник „Курир“.

– Ние не се фокусираме на датумите за членство. Зборуваме за пристапниот процес, а со која брзина напредуваат земјите зависи само од нив – вели Хан.

Тој вели дека мнозинството граѓани на земјите членки на ЕУ се воздржани за проширувањето на ЕУ и дека затоа е неопходно луѓето да се убедат дека новата членка не претставува товар или проблем, туку добивка.

Хан истакнува дека земјите кандидатки мора да ги исполнат условите за влез во ЕУ, односно правниот систем мора да функционира, треба да бидат многу поатрактивни за инвестиции и нивните економии да бидат стабилни и развиени.

– Поради тоа, предложивме заеднички пазар за регионот на Западен Балкан, со слободен протек на стока и на услуги, заеднички признавања на сертификати. Тоа би можело релативно лесно да се спроведе, без да се менуваат договори, и би претставувало прв чекор кон европскиот заеднички пазар. Би можело да се укинат до 80.000 формални пречки – вели Хан.

Хан го констатирал и руското влијание во регионот, посебно кога станува збор за геостратешки развој.

Слични содржини