Хан ќе бара итно спроведување на реформите

од desk3

„Новата Влада заедно со опозицијата треба да се фокусира на спроведувањето на итните реформски прио

ритети и на целосно спроведување на „Договорот од Пржино“, со цел да се врати земјата на патот кон интеграцијата во ЕУ. Реформите мора да се направат за да се подобрат животите на луѓето, да се работи за стабилност, просперитет и правда.“ – изјави Јоханес Хан – Еврокомесар за проширување

Следната недела, од Охрид во Скопје доаѓа и правниот експерт Рајхард Прибе. Во неговиот извештај кој стана документ на Унијара за потребните реформи во Македонија, тој повика на сериозни истраги околу сомнежите за злоупотреби,  назначувања и унапредувања во судството. Предложи за ова да се најдат објективни критериуми, а побара и транспарентно и професионално работење на медиумите. Неговиот извештај беше основа за постигнување на „Пржинскиот договор“ меѓу четирите политички партии. Тогаш беше договорено во случај Уставнот суд да го просласи Специјалното јавно обвинителство за неуставно, четирите партиите да изнајдат во Собранието решение за усогласување на Законот. Освен тоа, во договорот стои дека парламентарни работни групи, заедно со граѓанските организации и експерти, ќе треба да изнајдат решение за спроведување на итните реформи приоритети од извештајот на Прибе, меѓу кои да се усогласи Законот за „свиркачи“,да се утврди спроведувањето на Рамковниот договор, како и враќање на патеката на евто – атлантската интеграција. За посетата на меѓународните партнери, експертите велат  дека македонската влада ќе треба да ја оправда поддршката на Брисел за земјава.

„Има неколку моменти на кои практично би требало да се вратиме, се од Пржино и можат да не расчистат за понатаму. Примената на законите, одговорноста е многу битен елемент и тоа беше најбитната работа во Пржино, мораме да се вратиме повторно за утврдување на политичката одговорност за сторените злоупотреби со прислушувањето… и да не зборуваме за судската одговорност. Делот на судството има многу работи кои  зависат и од законски измени.“ – изјави Андреја Стојковски – Центар за европски стратегии „Eurothink“

Владата вчера за првпат одржа средба со невладиниот сектор и со медиумите, на која беа предложени пет теми за работни групи, кои ќе дадат придонес кон итните реформски приоритети, со намера земјата до крајот на годинава да добие чиста препорака за почеток на преговорите со Европската Унија./АлсатМ

Слични содржини