Хан ќе прогласи фајронт на „собраниската игранка“!?

од Vladimir Zorba

Утре во Скопје еврокомесарот Јоханес Хан ќе прави притисок за одржување на изборите на 11 декемеври и за усвојување на измените на законите што ги бара СЈО, оценуваат аналитичарите за РСЕ.

018c9ec3-e77c-4b75-96a6-1c0cc76986b0_cx0_cy8_cw0_w987_r1_s_r1

Според нив, со вчерашниот маневар во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ се обидела да купи време.
„Игранка“ во Собранието со буџетот и со распуштањето, меѓупартиски обвинувања кој не сакал избори и неусвоените закони поврзани со работата на Специјалното јавно обвинителство го дочекуваат еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје.

Средбите со лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино ќе се случуваат утре претпладне и според денешните најави би требало да завршат до 15 часот. На неговата агенда, според некои информации, се и средби со специјалната јавна обвинителка и со претставници на граѓанското општество.

Со вчерашните условувања на ВМРО-ДПМНЕ распуштањето на собранието да се случи по носењето на буџетот за 2017 година и ставањето на тие точки на седница в понеделник, владејачката партија се обиде да заземе позиции пред доаѓањето на европскиот политичар, оценува аналитичарот Алајдин Демири.

„Постојано ВМРО-ДПМНЕ ја игра таа игра, играта на купување време, создавање нова криза и правење нов проблем“, вели Демири.

Хан на средбите ќе инсистира изборите да не се одложуваат, односно да се постигне согласност дека има минимум услови тие да се одржат, оценува Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика.

„Нему му е битно да има некаква ситуација што ќе може да ја прикаже како напредок или придонес на Европската комисија во однос на разрешување на кризата во Македонија пред годинашниот извештај за напредокот што ќе се објави во ноември“, вели Ристевска Јорданова.

Според Демири пак, приоритет на еврокомесарот ќе бидат работите поврзани со Специјалното јавно обвинителство.

„Посетата на комесарот Хан сметам дека пред се е обид да се направи притисок врз парламентот да се изгласаат законите што ги бара СЈО и да се овозможи негова непречена работа“, вели Демири.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини