Еврокомесарот Јоханес Хан, на Твитер го искоментира одложувањето на изборите за 5 јуни, но и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој синоќа тврдеше дека добил гаранции од меѓународната заедница дека нема да има медиумски реформи.

han-21-540x406

„Го нотирам гласањето во Собранието на поранешната југословенска Република Македонија за одложување на изборите на 5-ти јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мора целосно да се ангажираат, да помогнат да се подготват кредибилни избори + да ги поттикнат реформските приоритети, вклучително и на медиумите. Им заблагодарувам на европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, на амбасадорите на ЕУ, Аиво Орав, и на САД, Џес бејли, и на меѓународната заедница за нивната континуирана поддршка“, напиша Хан на Твитер.

ханн

Претходно и Ховит твитна дека медиумските реформи уште се дел од изборниот процес, потребна напорна работа за кредибилни избори.

 

Слични содржини