Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, утрово на својот „Твитер“ профил напиша дека без разлика на одлуката на политичките партии, ЕУ ќе овозможи фер избори.

„Ги уверувам граѓаните дека без разлика која ќе биде конечната одлука на политичките партии, ние ќе обезбедиме целосна поддршка за да се гарантираат слободни и фер избори“, напиша Хан.
Синоќа четирите политичките партии потписнички на Договорот од Пржино заедно со еврокомесарот Хан, амбасадорот на САД, Џес Бејли, евроамбасадорот, Аиво Орав и белгискиот олеснувач, Питер Ванхауте, не успеаја да постигнат договор околу датумот на предвремените парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се согласни изборите да се одржат на 24 април, а СДСМ е против затоа што смета дека нема услови за фер и демократски избори.

Слични содржини