Како очекувате да се развие ситуацијата во Македонија, откако премиерот Никола Груевски поднесе оставка и беше назначен службен кабинет, но опозицијата во лицето на СДСМ одбива да оди на избори во април, бидејќи се сомнева дека тие ќе бидат фер? Што ќе се случи ако социјалистите го бојкотираат гласањето, и што е подобро – тој да биде спроведен без нив или да се бара компромис?

dogovor-przino

Договорот меѓу опозицијата и Груевски за решавање на политичката криза во Македонија има многу елементи и изборите во април се само еден од нив. Дел од овие елементи се исполнети, иако и по крајниот рок, кој беше предвиден. Се разбира, во таква чувствителна ситуација е убаво да има национален консензус. Но треба да се претпостави дека тоа може и да не е постигнат. Она што е важно за нас, е изборите да се фер и демократски. Работиме со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и тие ќе испратат повеќе луѓе од вообичаеното да ја набљудуваат како подготвителната фаза на гласањето, па самото гласање во изборниот ден. Во Турција пример на последните избори имаше 30 набљудувачи, а сега во Македонија, помала држава, ќе има 24. ОБСЕ се подготвени да соработуваат и со македонската изборна комисија, ако таа побара помош. Пак ќе кажам, за нас клучно е изборите да се случат во чесен, транспарентен и демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. Врз основа на ова може да се направи следниот чекор и да продолжиме напред.

Јанева не дојде на седницата на Советот на јавни обвинители

Ако има позитивен резултат од тоа, очекувам дека земјите од ЕУ ќе работат проактивно за решение на проблемот со името. Бидејќи блокирањето на преговорите за членство на Бугарија и Грција придонесува за создавање на оваа атмосфера и за ситуацијата што ја имаме во Македонија во моментов. Потребни се политички одлуки. Пред десет години Македонија беше одличниот ученик во балканското одделение. Сега е во далеку полоша форма. И искуството покажува дека ако земјите немаат европска перспектива, работите ќе се лизнат. Исто така, знаеме дека за време на преговорите за членство ЕУ има најголемо влијание и можност да врши притисок за постигнување на потребните промени.

До кој степен е подготвена ЕУ да го користи овој притисок во однос на Македонија, која со години при управувањето на Груевски оди во непријатна насока?

Прво, најважно е дека не ја цениме и подготовката и спроведувањето на изборите. Ова се прави од страна на експерти во меѓународни организации. Ние се потпираме на нивните извештаи.

Второ, ако една држава има статус на кандидат за членство во текот на десет години и од шест години ЕК препорачува да се започнат преговори за членство, но тоа не се случува, бидејќи нема едногласност, нема како да е лесно. Сепак мислам дека успеваме да постигнеме да го вратиме процесот назад во шини, но е потребно и ЕУ да направи нешто, инаку се е бесмислено.

Ако Македонија докаже дека е ориентирана кон ЕУ и НАТО, тоа треба да биде наградено и навистина да добие покана за почеток на преговори. Ако не се случи тоа, ќе имаме друг развој, а тоа не е во интерес на мнозинството граѓани.

 

Оригиналниот текст ТУКА

Слични содржини