Хан: Позитивна препорака во февруари, почеток на преговорите следната година

од desk4

Се надевам дека во февруари ќе добиете позитивна препорака, со надеж дека преговорите ќе почнат следната година, изјави денеска еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

-Ова е нашата цел и затоа се сретнав и со опозицијата за да истакнам дека кога станува збор за националните цели, а европската перспектива е таква цел, потребна е поддршката на сите клучни играчи, без разлика дали се дел од Владата или се во опозиција, изјави Хан.

Слични содржини