Евро-комесарот за проширување Јоханес Хан е сериозно загрижен за ситуацијата во Македонија и уверен е дека оваа состојба не може да ја одведе земјата во преговори за членство. Оваа загриженост тој вчера во Скопје им ја пренел на сите свои соговорници и пред се премиерот Груевски, лидерот на опозицијата Заев и претседателот Иванов. Хан се сретнал и со шефот на дипломатијата Попоски, претставници на граѓанското општетство и амбасадорите на ЕУ во Македонија-информира НОВА.

132516526-540x248

Хан “изразил сериозна загриженост за актуелната политичка ситуација и побарал од политички актери да влезат во конструктивен политички дијалог, во Парламентот, и да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и нејзините граѓани”, вели Хан преку соопштение. Според него, сите лидери мораат да “соработуваат со добра волја за да се надмине сегашната блокада која не е добра за реформските напори на земјата”.

Понатаму комесарот за проширување вели дека тој повторил дека “правната држава, фундаменталните права и слободата на медиумите е во срцето на европскиот процес на преговори за членство и околу тоа не може да се преговара. Во тој поглед тој изрази длабока загриженост за објавеното прислушкување на илјадници граѓани и повика тоа да биде сериозно истражено”.

Оваа истрага треба да се води со целосно почитување на сите принципи на праведно судење како што се презумпцијата на невиност, транспарентност, поделба на овластувањата и независност на судството. А медиумите, според Хан, ја добиваат неговата целосна поддршка во напорите да известуваат за теми кои се од јавен интерес.

Во своите обиди да и помогне на земјата, комесарот е во контакт со сите институции на ЕУ и прави напори да се најде решение со помошта на ЕУ. Хан спомена пред доаѓањето во Скопје дека е во контакт со Европскиот парламент кој можеби би можел да се ангажира во решение за македонската криза.

Слични содржини