Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, пристигна во резиденцијата на Европската унија во Пржино. Тој не сакаше да даде изјава за медиумите, само кусо рече дека се надева дека денот ќе биде добар.

han1

– Моментално немам што да изјавам, можам само да ви кажам дека се надевам дека денот ќе биде добар – рече Хан.

Груевски доцни: „Сто дена пред избори“ е рок за нова влада, а не за премиерска оставка!

Веднаш по Хан, пристигна и делегацијата на СДСМ, во која се лидерот Зоран Заев, потпретседателката Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски.

По СДСМ, средба со Хан во 11.30 часот ќе имаат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ.

 

META

Слични содржини