По средбата со претседателот Ѓорге Иванов, како што соопштија од неговиот кабинет, евро комесарот за проширување Јоханес Хан рекол дека може да помогнат за излегување од кризата и дека опозицијата треба да се врати во парламентот и таму да се решаваат сите политички прашања.

johanesHan-gruevski-685x320 (1)

Европскиот политичар по средбата со претседателот на СДСМ Зоран Заев во партиското седиште јавно не коментираше ништо, туку нагласи само дека се обидувале да најдат решение во интерес на земјата.

– Се обидувам да најдам решение за доброто на вашата држава, не можам ништо друго да кажам додека не се сретнам со сите претставници – кусо изјави Хан.

Во соопштението на СДСМ се наведува дека раководството на партијата со Хан разговарале за актуелната политичка ситуација во Македонија и загрозените демократски процеси во државата.

Од партијата соопштуваат дека претседателот на СДСМ најавил оти партијата има законска и морална обврска „Вистината за Македонија“ да ја сподели со граѓаните и тоа ќе го стори.

Тој одбегна поконкретен коментар и по состанокот со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, од чиј кабинет соопштија дека главно разговарале за потребата од продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво и за потребните реформи.

Попладнево еврокомесарот имаше средба и со премиерот Никола Груевски со кого разговараше на заеднички ручек во резиденцијата на Европската делегација во Скопје.

Слични содржини