Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска во Скопје, ќе се сретне со македонските политичари  иако во Брисел нагласи дека добил препораки да не доаѓа во земјава  поради сериозната политичка криза .Тој сепак  одлучил да го направи спротивното.

хан

“Важно е да бидам таму и да дискутирам за ситуацијата. Нашите препораки се кристално јасни. Треба да се остават сите прашања на областите кои се надлежни, а тоа е правосудниот систем, не е прашање на политичарите да судат. Тоа треба да го направи судството. Ако се неопходни некакви политички проценки , тоа е во ред, но треба да бидат направени во парламентот и затоа јас уште еднаш ги повикувам сите политички партии да се вратат во парламентот бидејќи главната политичка дебата треба да се одвива во парламентот”рече Хан.

Тој додаде дека веќе побарал помош од Европскиот парламент.

“Затоа јас денеска побарав од претставниците на главните политички партии во Европскиот парламент да направам сличен напор каков што имавме успех во Албанија каде што преставниците на Европскиот парламент, Кукан и Флекештајн успеаа да постигнат договор кој доведе до ситуација опозициската партија да се врати во парламентот и мислам дека тоа е добар пример. Бидејќи го засега парламентот, логично е Европскиот парламент а не комисијата да го направи тоа. Тие се подготвени да го сторат тоа и јас сум среќен и се надевам на успех. Ние се обидуваме да го разрешиме проблемот проактивно, но тоа мора да биде направено од одговорните и тие треба да го почитуваат владеењето на правото” рече Хан.

Комесарот за проширување Јоханес Хан денеска  во Скопје ќе има одвоени средби со премиерот Груевски и лидерот на СДСМ Зоран ЗАев , и ќе разговара за неговата идеја во решавање на актуелната политичка криза да се влучат европратеници од двете најголеми политички групации во Европскиот парлемент, Европската народна партија и Европските социјал-демократи.

Хан пред тргнувањето од Брисел, не сакаше да го коментира скандалот во Македонија но додаде дека според него “се што води до транспарентност и повеќе транспарентност може да креира решение”.

Комесарот ја споменал работата на Венецијанската комисија која направи извештај за уставните промени кои беа неодамна изгласани:

– Тој извештај не бил почитуван или барем не доволно почитуван. Ние имаме но многу докази дека сите овие иницијативи во текот на долги години креираа клима која води до промена на ситуцијата во земјата и се надеваме тоа ќе биде скоро. Затоа, во земји во трансформација, поддржуваме невладини организации кои се важен дел кога се работи за развој на оштествата во добра насока. Ми се чини дека не треба само една мерка која води до саканиот резултат, туку повеќе мерки. Ова е еден вид слагалица. Треба да бидеме строги, амбициозни, но не и наивни и да имаме трпение. Важно е да не се заборави финалната цел која мора да ни остане пред очи, ја заврши Хан својата порака до Македонија.

Слични содржини