Во прилог е соопштение од видео обраќањето на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на денешната регионалната конференција за медиуми на БИРН во Сараево каде тој апелираше до балканските влади за поголема слобода на медиумите.
Меѓу другото, Хан рече дека слободата на медиумите на Балканот „останува точка на особена загриженост” за Европската комисија – особено прашањето на владиното мешање и закани против независноста на јавните радиодифузни сервиси.

Хан

„Се соочуваме со важни предизвици кои мора итно да бидат адресирани”, рече Хан во своето обраќање.

„Покрај владиното мешање, повеќе напори мора да се посветат и на политичката и финансиска независност на регулаторните тела, како и на поефективно функционирање на саморегулацијата”, рече Хан.

Европскиот комесар рече дека ќе продолжи да ги притиска владите во регионот да остваруваат прогрес.

Слични содржини