Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан по маратонските преговори во резиденцијата на евроамбасадорот во Пржино изјави дека е невозможно било да има договор меѓу четирите политички партии  за датимот на избори.

12576054_478396875677980_467573684_n-685x320

– Земјата е во многу тешка состојба. Она што го видовме во 2015 година продолжува и во 2016 година. Сметам дека владата, политичката елита и Парламентот треба да обрнат внимание на оваа многу сериозна ситуација од која е засегната и економијата на земјата и нејзината евроатланската перспектива. Денеска сфатив дека не е можно да се постигне договор помеѓу сите политчки партии за одржување на избори на 24 април. Очекувам сите политички партии да се држат до договорот потпишан на 2 јуни/15 јули. Ги уверив сите партии дека европските институции се тука да и помогнат на земјата. Сакам да го уверам секој граѓанин дека без разлика што ќе биде конечната одлука на политичките партии кога да биде датумот за предвремени избори ние ќе помогнме во организацијата и дека ќе ја надледуваме ситуацијата за време на изборите , изјави Хан

Тој најави дека ќе дојде уште еднаш во Македонија и дека единствено што може да гарантира дека европските институции стојат на располагање и затоа побарал од Питер Ванхауте да остане во земјава и да ги вложи сите напори да се решат проблемите.

Тој сепак, не ја отфрли можноста за одржување на избори, истакнувајќи дека одлуката е на партиите, на државата и на Парламентот.

Слични содржини