Министрите за финансии од еврозоната треба да се согласат со последните предлози на Атина и да ги договорат конкретните рокови за спроведување на реформите, изјави денеска министерот за финансии на Австрија Ханс Шелинг.

hans
Средбата на еврогрупата (19 финансиски министри од еврозоната), во понеделникот, заврши без резултат. Атина на Брисел  му ги достави новите предлози за регулирање на должничката криза. Членовите на Еврогрупата сепак одлучија да ја одложат расправата за четврток со цел да ги проучуваат предлозите.

“Ако не биде најдено некакво реално решение до крајот на оваа недела, тогаш следниот чекор е непредвидлив“ – изјави министерот за агенцијата Ројтерс.

Во четврток Еврогрупата треба да донесе одлука за новите предлози на Атина за постигнување на договор со доверителите. Во понеделник лидерите на земјите од еврозоната прифатиле дека грчките предлози може да станат основа за договор, но да се разгледа потребата за нивна доработка.

Денеска, грчкиот премиер Алексис Ципрас треба да разговара со претставниците на кредиторите – Еврокомисијата, ЕЦБ и ММФ.

Последниот рок за Грција за договор со доверителите е 30 јуни. Истиот ден Грција треба да  исплати на ММФ околу 1,6 милијарди евра.

Слични содржини