Загрижувачка димензија на судир во МВР поради  неприфаќањето на наредбите и решенијата од министерот,  од страна на  заменичкиот  министер  Митко Чавков, и  терање своја политика наспроти актуелниот именуван министер Оливер Спасовски.Policija-MVR

Како што посочуваат извори од МВР за локално.мк,  таму владее вистински хаос со кршење и менување брави, насилно влегување  во канцеларии на ново назначените од зам.министер Чавков, тргање на  оние со решенија назначени од министерот  Спасовски,  и тоа не само во  централата . Се посочува Штип и други места како критични точки, а дека во седиштето на МВР Чавков  блокирал и некои картици за влез во кругот на централата на МВР, на назначени луѓе од министерот Спасовски.

Упатените во состојбите во МВР посочуваат дека ова е еден од најсериозните проблеми на непризнавање на хиерархијата во МВР од страна на сменетиот и сега заменички министер Чавков, наспроти актуелниот министер Спасовски, што е и сериозна закана во функцоналноста на МВР и извршување на  безбедносни задачи чија главна надлежност е на МВР.

 

Слични содржини