Харадинај: Дијалогот со Србија треба да заврши со взаемно признавање

од desk4

– Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека дијалогот со Србија треба да заврши со взаемно признавање.

Според него, Косово е фактор на мирот и стабилноста и пример за добрососедство и е ангажрано во дијалог со сите земји во регионот.

На официјалната средба со американскиот сенатор Рон Џонсон, на која присуствуваа и заменик премиерот Далибор Јевтиќ и американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави, стана збор за актуелните политички случувања во Косово, за поддршката на САД, посебно во економскиот развој  и спроведување на законот.

Харадинај ја истакна потребата за понатамошна поддршка во сите процеси низ кои минува Косово.

– Американската поддршка е многу важна за нас. Косово и неговиот народ секогаш ќе бидат благодарни за помошта што САД и американскиот народ ја дадоа во сите периоди, изјави  премиерот Харадинај.

Тој додаде дека Косово е посветено на својот евроатлантски пат преку продлабочување на домашните реформи, посебно во областа на владеењето на правото и одржување на редот, како и во зајакнувањето на демократските институции.

Џонсон, според соопштението од кабинетот на Харадинај, изјави  дека САД ќе продолжат да бидат моќен поддржувач на економскиот и демократскиот развој, како и консолидацијата на градењето на косовската држава.

Слични содржини