Хари Стајлс се движи со стража по излегувањето на „Данкерк“

од Vladimir Zorba

Хари Стајлс веќе ќе излегува од својот дом во присуство на чувари, пишува “Контакт мјузик”. Тој доби шестмина телохранители по излегувањето на играниот филм “Данкерк”. Изведувачот на “Sign of the Times” го направи своето деби во киното со драмата за Втората светска војна “, а раководството на Warner Bros. Pictures сакало да го заштити од несакано внимание. Така тој ќе биде обезбедуван како од недобромисленици или упорни фанови, така и од честите орди на девојки.

Хари ќе се радува на 24-часовна заштита во секој еден од хотелите во кои ќе престојуваат, откако неодамна неколку девојки се обидоа да влезат во неговата соба. Извор на “Дејли стар сандеј” наведува дека дури и најголемите светски ѕвезди како Том Круз обично добиваат само по двајца телохранители.

23-годишниот пејач призна дека е вчудовиден и бликал од радост првиот пат кога ја видел завршената верзија на “Данкерк”. “Ова е многу лично искуство. Дури и ако го гледате во кино, полно со луѓе, вие чувствувате дека го гледате сами”, раскажува тој “.

Слични содржини