Хаваи се подготвуваат за можен напад од Северна Кореја

од desk2

Американската сојузна држава Хаваи превентивно се подготвува за можен балистички или нуклеарен напад од Северна Кореја, соопштија локалните власти во САД.

Хавајската агенција за вонредни ситуации, соопшти дека на есен ќе покрене кампања за образование на јавното мислење.Жителите на оваа земја, од ноември, еднаш месечно ќе имаат обука со сирена за предупредување на напад, која има специфичен звук и не се слушнала од крајот на Студената војна во 80-те години.

Во медиумите и на интернет ќе биде редовно емитувана брошура и прописи за однесување, за да граѓаните се подготват во случај на напад со балистичко или нуклеарно оружје, велат властите.

Хаваи претставува важно стратешко место за американската војска. На хавајскиот остров Оаху се наоѓа командата на војската за азиско-пацифичкиот регион, додека на пристаништето Перл Харбор се наоѓаат десетина воени бродови. Ова е прва американска држава којасе подготвува за можен напад од Северна Кореја.

Слични содржини