62
Најмалку четворица загинаа во несреќа во забавен парк во популарниот австралиски „Златен брег“, соопшти управата на паркот Dreamworld , кој е затворен веднаш по несреќата.
Несреќата се случила на делот кој симулира пловидба по река кога сплавот се превртел додека поминувал нив вештачката река.
Портпаролката на Дримворлд Миш Патерсон изјави дека загинале двајца мажи и две жени, но нема информации како дошло до несреќата.