Хелсиншки комитет поднесе кривични пријави полицајците кои тепаа студенти

од Vladimir Zorba
Хелсиншкиот комитет за човекови права поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против полицијата која тепаше студенти на протестите на изборите за претседател на Студентскиот парламент, информира 24Вести.
За време на протестот во јуни годинава пред студентскиот дом Кузман беа повикани полициски специјалци кои грубо упаднаа во просториите на СПУКМ и насилно ги исфрлија студентите.
Кривична пријава против раководни лица на Министерството за внатрешни работи и на припадници на Единицата за брзо распоредување поднесе Хелсиншкиот комитет затоа што ги тепаа и спречуваа студентите да протестираат при изборот на претседателот на студентскиот парламент на 30 јуни годинава. Самиот ден на изборите за студентски лидер гласањето започнало без исполнување на потребните услови на што било укажано од студентите, а потоа и гласачката кутија била насилно грабната од член на изборната комисија кој бил придружуван од непознати лица кои не биле студенти за потоа да се упатат кон седиштето на СПУКМ кое се наоѓа во зградата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини