Хенри Кисинџер со вредни совети до Трамп за Путин

од Vladimir Zorba

Администрацијата на Обама понекогаш се однесуваше со попустливост кон рускиот претседател, а требало да го прифати сериозно.

1479709037-aaaa-kisindzhr
Во интервју за CNN американскиот политичар и експерт во областа на меѓународните односи Хенри Кисинџер (претседател на Kissinger Associates) изјави дека администрацијата на Обама во комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин се однесуваше покровителски. Затоа Доналд Трамп во дијалогот со Москва треба да се однесува сосема сериозно со лидерот на земјата.

CNN: Доналд Трамп не еднаш изрази желба да склучи договор со Путин, велејќи дека тој и Путин може да се договорат. Вие сте еден од оние Американци, кој контактирал со Путин повеќе од било кој друг – повеќе од 25 пати. Што би му препорачале на Трамп при вакви средби?

Кисинџер: Трговските трансакции се разликуваат од надворешните политички. Трговските обично се склучуваат меѓу субјекти кои имаат одредена цел, на пример во врска со цената. Страните тоа го дискутираат, доаѓаат до договор и повеќе можат да не се сретнат.

CNN: Односно тоа е поединечна трансакција?

Кисинџер: Токму така. Во надворешната политика вие имате средба со едни луѓе повторно и повторно. И вие треба да изградите односи не за една трансакција, туку за работи над договор, кој ќе стане импулс за склучување на договори во иднина.

Пред сè Путин не смета дека се случила некоја трансформација по Студената војна во која победиле Американците. Тој е убеден дека Русите се извлекле од комунизмот, сами се справиле. Во неговите претстави Америка профитира од тоа што ја премести линијата на одбрана од центарот на Европа, која претходно се наоѓаше над 1.000 милји од Москва, на растојание од 300 милји од руската престолнина.

Пред него стои задачата да ја поврати почитта. Затоа на секоја администрација, и новата, се разбира, и претстои да разбере дали е можно да води дијалог со Путин, поаѓајќи од тоа дека треба да го земате сериозно.

Според мене, претходната администрација во комуникацијата со него понекогаш покажуваше попустливост.

Слични содржини