Хилари Клинтон сака да стане протестантска проповедничка

од Vladimir Zorba

Хилари Клинтон, која во 2016 загуби претседателските избори во САД од Доналд Трамп, има желба
да стане проповедничка меѓу христијаните Методисти изјави за весникот Religious News Пастор Бил
Шилади кој од 20 години е семеен пријател со Клинтонови.


Според пасторот, Хилари  рекла дека сака да одржи неколку проповеди и истакнала дека зборува
сериозно.
Отец Шилади информирал дека уште од дете Хилари посетувала методистичка  црква. Таа предавала
во неделата во училиште кон Првата обединета методистичката црква во САД.
Г-ѓа Клинтон не сметала дека треба да се обучува за да може да го проповеда. Пасторот истакнува дека според
доктрината на Методиј, мирјаните исто така можат да зборуваат пред останатите верници.
Шилади беше еден од советниците на Хилари Клинтон за време на предизборната кампања.
Методизмот е деноминација од христијанството, настанато како движење во рамките на
Англиканската црква за духовно оживување и чистота. / РИА Новости

Слични содржини