Хилари почна да го мачка Трамп во анкетите

од Vladimir Zorba

 

Доналд Трамп  ги губи позиции пред Хилари Клинтон со 7 проценти. Ова покажува истражувањето на јавното мислење на институтот Ипсос за Ројтерс.

1476507401-16
Кандидатката на демократите за претседател на САД Хилари Клинтон  го води на својот републикански ривал. Агенцијата забележува дека резултатите од анкетата беа објавени во момент кога ексцентричен милијардер е обвинуван од голем број жени во сексуални напади.

44% од веројатните избирачи, кои учествувале во анкетата,  го поддржуваат Клинтон, а 37 отсто – Трамп.

Тоа е мала промена во однос на претходната слична анкета, од вторникот, забележуваат агенциите. Тогаш Трамп заостануваше од Клинтон со 8 проценти.

Во последната недела на август поддршката за двајцата водечки кандидати беше приближно еднаква. Оттогаш сепак Клинтон постепено стекнува предност.

Таа води  во просек со 7 проценти пред Трамп, покажува компилација од различни истражувања

ПУКНА НОВ СКАНДАЛ ВО САД! ЖЕНАТА НА ТРАМП СКОКНА ПРОТИВ БУГАРКАТА КОЈА ГИ ОТКРИ СЕКС ТАЈНИТЕ НА МИЛИЈАРДЕРОТ!

 

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера го обвини мексиканскиот милијардер Карлос Слим дека се обидува да и помогне на неговата ривалка, Хилари Клинтон, да победи на изборите на 8 ноември, и тоа преку своите врски со весникот „Њујорк тајмс“.

На предизборниот митинг во градот Гринсборо, во Северна Каролина, Трамп повтори дека бројните жени кои го обвинуваат за сексуално вознемирување ги измислуваат таквите прикаски, пренесуваат британските меидуми.

Тој кажа дека Слим, мнозинскиот акционер во „Њујорк тајмс“, помага во обидите на овој весник да и помогне на Клинтон да ги освои изборите.

Овој њујоршки дневен весник ги објави приказните на две жени кои го обвинија Трамп за вознемирување.

-Тие не се новинари, рече Трамп за репортерите на „Њујорк тајмс“.

WIKILEAKS И НАТАМУ СО СКАНДАЛОЗНИ ОТКРИТИЈА ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА КЛИНТОНОВИ!

„Тие се корпоративни лобисти на Карлос Слим и странските корпорации“, оцени Трамп, пренесуваат британските медиуми.

Слични содржини