„Хистед лимитед“ го купи „Сити мол“ за 92 милиони евра

од Vladimir Zorba

Британската компанија „Хистед лимитед“ го купи трговскиот центар „Скопје сити мол“, кој беше сопственост на „Балфин финанс“ од Амстердам, за 92 милиони евра, соопштија од „Хистед лимитед“.

skopje-city-mall

– Наша цел е да поседуваме портфолио од трговски центри со висок квалитет во Југоисточна Европа. Високата стапка на издадени дуќани, ветувачкиот број на посетители, балансираната комбинација на закупци и можностите за проширување на „Скопје сити мол“ се гаранција за атрактивност на инвестицијата. Постојниот управувачки тим на трговскиот центар ќе остане. Очекуваме дека оваа инвестиција ќе ги зголеми приходите на „Хипроп“ – изјави главниот извршен директор на „Хипроп“, Пиетер Принсло.

„Хистед лимитед“ е во косопственост и на „Хипроп“ и на „ПДИ инвестмент холдинг“. Стратегијата на „Хипроп“ за Југоисточна Европа е да ги купува доминантните трговски центри преку „Хистед“.

Компанијата „Хистед“ поседува три трговски центри во Југоисточна Европа и тоа „Делта сити Подгорица“, „Делта сити Белград“, кои ги купи годинава, а со денешното преземање и „Скопје сити мол“.

„Скопје сити мол“ беше отворен пред четири години, има 37.600 квадратни метри бруто-површина и 137 закупци./Мета

Слични содржини