Хојт Ји: САД засилено ќе го поддржи Балканот за да го заштити од Русија

од Vladimir Zorba

Заменик државниот секретар Брајан Хојт Ји посочи дека САД ќе го засилат својот ангажман на Балканот со цел да ги заштитат земјите од негативното влијание на Русија со што треба да се одржи стабилноста и евроатланските интеграции.

За таа цел во август американскиот потретседател Мајк Пенс ќе ја посети Црна Гора каде ќе се сретне со шефовите на влади и држави од Западен Балкан, а исто така и Стејт Департментот на САД ќе ги продолжи своите активности во регионот.

Коментарите на Ји уследија по загриженоста дека предложените длабоки скратувања на буџетот на овој Оддел ќе ја минимизираат улогата на Вашингтон во кревките демократии кои се изложени на руското влијание.

– Кога станува збор за заедничките интереси во регионот, како што е тероризмот, Соединетите држави тесно ќе соработуваат со Москва. Но, таму каде што Русија и САД имаат спротивни интереси, Америка, решително ќе ги брани своите и интересите и вредностите на сојузниците, и ова е тоа што ние го правиме сега.

Ние преземаме чекори за да ги зајакнеме државите од овој регион во однос на малигните влијанија, било тие од Русија, од други земји или други фактори, со цел да се увериме дека ниту Москва, ниту некој друг актер нема да успее да спроведе било какво штетно влијание на надворешната или внатрешната политика на балканските земји -изјави Ји за Гласот на Америка.

Слични содржини