Хокинг: Човештвото да се иселува на други планети со растенија и инсекти од Земјата

од Vladimir Zorba

Познатиот британски астрофизичар Стивен Хокинг вели дека човештвото ќе мора да ги колонизира Марс и Месечината во наредните 30-50 години. Во своето обраќање пред тековниот во Норвешка Меѓународен фестивал на науката и уметностите Starmus IV тој истакна дека загинувањето на човештвото од падот на астероид, климатски катаклизми или пренаселеност е прашање само на време.

Затоа тој ги повикува луѓето побрзо да ја напуштат земјата. “Убеден сум дека луѓето треба да ја напуштат земјата. На нашата планета останува сè помалку место за нас, а нашите физички ресурси се исцрпуваат многу брзо “, додаде тој.

Хокинг смета дека следните 30 години треба да биде формирана база на Месечината. Потоа луѓето мора да го населат целиот Марс, што според него треба да се случи за 50 години. При тоа луѓето ќе треба да однесат на другите планети растенија, животни, габи и инсекти.

Хокинг сепак предлага човештвото да не се ограничува само со Сончевиот систем, туку да излезе надвор од неговите граници и да го достигне најблискиот до нас ѕвезден систем Алфа Кентаур. Таму според него постои достојна за живеење планета Proxima b. Претходно светскиот физичар го предвиде крајот на светот во наредните 1000 години како резултат на техногенна катастрофа.

Слични содржини