Холандски турист починал во Охрид во „Св. Наум“

од desk2

Холандски турист починал во комплексот „Св. Наум“ во Охрид, како последица на срцев удар.


Како што соопшти полицијата во четвртокот, во 15 часот во полициската станица Охрид, од екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека во комплексот „Св.Наум“ во Охрид починал Р.Ј.А. (66) од Република Холандија.

Констатирана е смрт без траги на насилство. Најверојатно смртта настапила како последица од срцев удар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот нема да се врши обдукција.

Слични содржини