Холограмот на Рој Орбисон на турнеја во април 2018 година

од desk2

Ако сте обожавател на покојниот музичар Рој Орбисон, а никогаш не сте успеале да го слушате во живо, до година ќе имате прилика благодарение на модерната технологија.

Холограмот на рој Орбисон заедно со Кралскиот филхармониски оркестар ќе тргне на турнеја по Велика Британија во алрил 2018 година кога албумот „In Dreams“ на покојниот пејач ќе доживее cyber верзија.

Турнејата ќе почне во Кардиф на 8 април, а ќе заврши во Бурнмаут на 20 април.

Орбисон почина во 1988 година. Неговиот син Алекс, претседател на фирмата Roy Orbison Music рече: Мојот татко прв ги комбинираше rock’n’roll и оркестралната музика и неговиот холограм со голем оркестар ќе биде како остварување на сонот.

Влезниците за концертите се продаваат од денеска.

Слични содржини