Хомосексуалните двојки во Чешка ќе може да ги посвојуваат децата од претходните врски на своите партнери

од Vladimir Zorba

 

Чешката Влада го усвои предлогот да се овозможи усвојување на биолошкото дете на еден од хомосексуалните партнери кои живеат во регистрирано партнерство. download-82

Измените на Законот за регистрирано партнерство за кои се разговара повеќе години, се однесуваат на децата, кои се родени во претходна врска или со вештачко оплодување на еден од родителите кој живее во регистрирано партнерство и овозможува посвојување од другиот партнер, јави дописникот на МИА од Прага.

– Целта е, пред се да се заштитат децата, да бидат на еднакво рамниште како децата во други семејства. Се овозможуваат секојдневни работи, како добивање информации за здравствената состојба на децата, можноста без додатни документи да го земаат детето од градинка или пак чување и воспитување во случај на смрт на биолошкиот родител, изјави минизтерот за човекови права и законодавство Јиржи Динсбир.

Акуелбиот Закон за регистрирано партнерство меѓу хомосексуалните двојки, во Чешка важи од 2007 година и ја регулира заедницата на истополовите парови, но не е дозволено посвојување на деца.

Слични содржини