„Хормонот на бакнежот“ е тајната состојка за сексуален апетит

од desk4

Сексуалното привлекување е многу деликатен момент, кој продолжува да биде испитуван од различни научници. Научните експерти одлучија да проверат како ќе го зголемат нивото на сексуалната желба.

Се покажа дека хормонот киспептин може да ја зајакне сексуалната желба и да ја намали анксиозноста кај машките глувци. Станува збор за зголемената активност на горе наведениот хормон кој е познат уште како хормонот на бакнежот.

До овој заклучок дошле научните експерти од Велика Британија, кои истражувале на оваа тема. Тие веруваат дека резултатите можат да бидат показател и за човечкиот организам.

Треба да се напомни дека група од неврони пронајдени во амигдалата на мозокот реагира на киспептин. Оваа област е директно поврзана со емоционалнoто и сексуално однесување, вклучувајќи анксиозноста, социјална интеракција.

Кај мажите се појавуваат анксиозни растројства во тандем со сексуална дисфункција. Нашите резултати покажуваат дека активирањето на овие неврони во амигдалата со хормонот киспептин се нормализираат сексуалните преференции, помагајќи да се максимализира репродуктивниот успех – посочи еден од авторите на студијата, Даниел Адекунби.

Научниците планираат да создадат лекови врз основа на овој хормон, кои ќе се борат со сексуалните дисфункции и нарушувања.

Слични содржини