Хорор во Лондон: Албанец и ја отсекол главата на 25-годишна жена, бидејќи таа не прокрварила на нивната прва брачна ноќ

од desk4

Крвавиот убиец Арбен Раја (32) со години живеел во Лондон и бил гастербајтер. Тој решава да си земе побожна жена од својата родна Албанија и склучува брак со 25-годишната Елидона Демир, пишува на Дејли Стар. Невестата на првата брачна ноќ не прокрварила. По ова тој од љубомора полудува. Гурбетчијата ја земал својата сопруга во Англија и три месеци ја држел како затвореник во неговиот дом во Лондон. Притоа Елидона била подложена на постојано понижување и тепање, а садизмот на нејзиниот сопруг постојано ескалирал.

Мажот параноично започнал на интернет да пребарува информации за тоа како може да се утврди дали е жена или не. Во главата му се вгнездиле сомневања дека Елидона имала бурна сексуално врска во минатото и претходно забременила од друг љубовник, по што абортирала. Кон крајот на краткиот брак Арбен „откачил и почнал својата жена да ја обвинува дека сака да го отруе. Во екот на еден од скандалите тој зграпчил нож и со 27 убода ѝ нанел на Елидона неверојатни рани на вратот. Со ножот тој ѝ го отсекол грлото на младата жена, а главата речиси била одвоена од телото. Убиецот е уапсен и осуден на 10 години затвор за нечовечко колење.

Елидона беше за пример, со перфектни манири. За последен ја видовме жива во фустан облечена како була. А ни ја вратија од Англија во ковчег, велат ужалените роднини на обезглавената.

Слични содржини