Хороскопските знаци кои сакаат да зборуваат валкано за време на секс

од Vladimir Zorba

Што ви се допаѓа најмногу за време на секс? За некои е важна разновидноста на секс позите, други држат многу на долготрајната и детална љубовна игра, а има и такви кои ги стават на прво место валканите приказни. Ако и на вас ви делуваат возбудувачки, видете од претставниците на кои 4 ѕвездени знаци може да ги очекувате.
Близнаци
Прв на листата на знаците кои сакаат валкани приказни на ушенце се претставниците на знакот Близнаци . Освен што се креативни во сексот и сакаат да испробуваат нови нешта, на нив им е омилено да му зборуваат дрско на партнерот или обратно.
Се разбира, не бидете премногу вулгарни, туку бирајте ги зборовите, така штоќе ги возбудите Близнаците. Еднаш ако споделиле што ви се допаѓа во спалната соба, што сакате да ви се случи, како се чувствувате, бидете подготвени секој пат да си задавате стимулирачки реплики со Близнаците.

Лав
Лавовите имаат специфичен начин на изјави кога одлучуваат да зборуваат валкано во спалната соба. Бидејќи за претставниците на овој знак е важно тие да се водечката фигура, која носи задоволство во сексот, очекувајте валканите разговори да се концентрирани на тоа колку добро ќе ве натераат да се чувствувате.
Лавот има тенденција често да ги започнува фразите со “Јас”, кога зборува валкано. Не заборавајте да ги пофалите напорите на партнерот Лав, тоа ќе го мотивира уште повеќе.

Скорпија
Скорпионот води многу страстен сексуален живот, во кој се разбира тој вклучува и валкани приказни. Претставниците на овој знак би уживале многу, ако партнерот им одговори на нивните предизвикувачки зборови. Бидејќи за нив валканите приказни, исто како и секс улогите со игри, додаваат повеќе расположение во сексот.
Бидејќи Скорпионот се плаши од монотонијата во сексот, многу брзо можат да му здодеат валканите бајки и ќе сака да се прошират. Но, тоа не значи дека не може да се обидете со телефонски секс, валкани разговори по телефон во паузата за ручек или предизвикувачки пораки.

Водолија
Водолијата е професионалец во валканото зборување. Го смета за неверојатно секси и сака да го прави, не само за да го предизвика телото на партнерот, но и за да ја провоцира мислата.
Кога сексот е нешто повеќе од физичко искуство, претставниците на овој знак вложуваат многу од себе. Тие сакаат да експериментираат со валканите разговори, секогаш укажуваат на партнерот што им се допаѓа.
За да одржат валкан разговор не треба да бидат во спалната соба. Водолиите можат да го сторат тоа во ресторан, за време на вечера или ручек, пред важна деловна средба.

Слични содржини