Хот: Градежништвото ќе оствари 5,2 проценти пораст, се чувствува притисокот од кризата

од desk2

Градежништвото годинава се очекува да оствари пораст од 5,2 проценти, како резултат на планираните инфраструктурни проекти, информираше претседателот на Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори, Роберт Хот.

Тој истакна дека се очекуваат нови бизнис-контакти и соработка помеѓу претставниците на градежниот сектор, банкарите, градоначалниците на општините и граѓаните.

– Капиталните проекти се повеќегодишни и за нив е обезбедена финансиска конструкција, што влева сигурност. Дополнителен придонес на зголемување на капацитетите на градежниот сектор, имаат и проектите „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“. Сепак, градежниците, како и другите стопанственици, го чувствуваат притисокот од политичката криза. За нив е важно да има стабилност, континуитет и предвидливост, да се реализираат капиталните вложувања, граѓаните да се сигурни при правењето долгорочни инвестиции, како што е купувањето стан или куќа – изјави Хот./Мета

Слични содржини